Владини интернет-страници на Западна Австралија

Дознајте како да пристапите до владини услуги користејќи ја интернет-страницата wa.gov.au.

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.
Владини интернет-страници на Западна Австралија

Како да пристапам до електронските услуги во Западна Австралија?

Жителите на Западна Австралија можат да пристапуваат до владините услуги преку wa.gov.au. Ако ви треба помош со ова или со која било друга интернет-страница на Западна Австралија , побарајте ја врската Контактирајте со нас (Contact Us) на почетната страница на интернет-страницата. Таа ќе ве пренасочи на страница со разни опции за контакт.

wa.gov.au и вашите лични податоци

Можеби ќе треба да внесете лични податоци кога:

  • плаќате за нешто, на пример регистрација на возило
  • се пријавувате за олеснување или попуст
  • пополнувате електронски образец, како образец за промена на адреса.

Личните податоци што треба да ги дадете зависат од услугата што ја користите. Можете да ја прочитате политиката за Приватност (Privacy) на владата на Западна Австралија ако ја внесете адресата www.wa.gov.au/privacy во лентата за пребарување на веб-прегледувачот.

Што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате на интернет-страницата, напишете wa.gov.au во лентата за пребарување на веб-прегледувачот и притиснете на Enter. Ова ќе ве врати на главната интернет-страница на владата на Западна Австралија.

Како да ја користите wa.gov.au за пристап до главните услуги

На интернет-страницата на Западна Австралија постојат голем број различни владини услуги и интернет-страницата wa.gov.au ви помага да го најдете она што го барате.

  • Кликнете на Прелистајте ги сите информации и услуги (Browse all information and services) за да го видите списокот со категории
  • Кликнете на некоја категорија за да ја разгледате, на пример Превоз (Transport)
  • Ќе се отвори нова страница и во горниот дел можете да ги видите Популарните услуги (Popular Services)
  • Кликнете на некоја популарна услуга за да видите страница со повеќе информации.

И покрај тоа што локацијата wa.gov.au ви помага да најдете услуги, некои од нив се всушност вдомени на други владини интернет-страници. Врски до други интернет-страници се појавуваат во црно поле, за да знаете кога заминувате од wa.gov.au. Ако во моментот не сакате да се префрлите на друга интернет-страница, кликнете на копчето Назад (Back button) во веб-прегледувачот.

Како да пребарувате услуги

За да најдете брзо некоја услуга што ве интересира, користете ја лентата Пребарај на WA.gov.au (Search WA.gov.au) во горниот десен дел на почетната страница. Кога ќе пребарате, ќе видите список со резултати. Кликнете на некој резултат за да видите страница со повеќе информации.

Како да најдете владини агенции

Понекогаш може да биде полесно да најдете некоја владина услуга ако ја посетите интернет-страницата на владината агенција:

  • кликнете на Најди агенција (Find an agency) во горниот дел на почетната страница на wa.gov.au
  • кликнете на името на агенција (agency name) за да отворите панел со повеќе детали, вклучувајќи го телефонскиот број (phone number) на агенцијата
  • кликнете на врската Дознајте повеќе (Find out more) во горниот дел на овој панел, за да одите на интернет-страницата на таа агенција.

За што служи интернет-страницата ConcessionsWA?

Владата на Западна Австралија создаде една корисна интернет-страница ConcessionsWAшто ги собира и складира сите олеснувања и заштеди на едно место. Таму можете да:

  • прегледувате олеснувања според категорија (category), на пример Сместување и домување, Патување и превоз (Accommodation and Housing, Travel and transport) или Туризам (Tourism)
  • прегледувате олеснувања според картичка за олеснувања (concession card), вклучувајќи ја Пензионерската картичка за олеснувања (Pensioner Concession Card), Картичката на постаро лице на Западна Австралија (WA Seniors Card) и други.

Како да најдете цени на гориво во вашата близина

Владата на Западна Австралија создаде интернет-страница наречена FuelWatch, за да ви помогне да ги најдете најниските цени на гориво во ваша близина. Интернет-страницата е fuelwatch.wa.gov.au.

  • Внесете го вашиот поштенски број (postcode) за да ги видите цените на гориво во вашата област
  • Кликнете на картата (map) за да ја движите со глувчето.
Безбедно е да го внесете поштенскиот број на FuelWatch, бидејќи интернет-страницата нема да го зачува кога ќе престанете да ја користите и кога ќе го затворите веб-прегледувачот.

Како да најдете попусти на wa.gov.au

За да најдете попусти на wa.gov.au, напишете попуст (rebate) во лентата Пребарајте на WA.gov.au) Search WA.gov.au) што се наоѓа во горниот десен дел на почетната страница. Страницата со резултати од пребарување Што можеме да направиме денес за вас? (What can we do for you today?) ќе прикажува список со страници поврзани со попусти.

Можете да ги изберете попустите достапни само од wa.gov.au, или попустите од сите интернет-страници на владата на Западна Австралија. Кликнете на резултатите од пребарувањето за да ја посетите таа страница и да дознаете повеќе за попустот.

Пожелно е да проверувате редовно, за да видите дали биле најавени некои нови попусти.

Како да најдете загубени или непобарани пари

Интернет-страницата MoneySmart на Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) на адресата moneysmart.gov.au ви помага да побарате загубени пари. Ова може да се однесува на загубени банкарски сметки, акции, инвестиции и полиси за осигурување на живот. Интернет-страницата MoneySmart исто така објаснува како да ја користите my.gov.au и ATO за да побарате загубени придонеси за старосна пензија.